Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија Subscribe to Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија

Вести од соработката | Млади
23.04.2012
На 25 и 26 април, во Долна Нормандија, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА и Европската Куќа од Каен, ќе се одржи студиска посета на тема „Волонтерството како фактор на социјалната кохезија”. На студиската посета ќе земат учество еден претставник на младински организации кои работат со волонтери и еден претставник на општина од Република Македонија.
 
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
20.04.2012

На 25 април 2012 година, во Каен, ќе се одржи состанок на работната група на градови и општини од Регионот Долна Нормандија, кои соработуваат со градовите и општините од Република Македонија. На состанокот ќе присуствуваат: претставниците на градовите од Долна Нормандија кои се вклучени во соработката, претставници од Регионалниот Совет на Долна Нормандија, претставници од организацијата Солидарни Хоризонти, како и од Канцеларијата на соработката во Македонија кои се грижат за техничката поддршка на соработката на градови.

>>>
Вести од соработката | Координација
03.04.2012
На трети април во просториите на општината Велес, македонските партнери на соработката меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, одржаа полугодишен состанок. Тие имаа можност да ја анализираат петтата година од соработката и да дискутираат за тековните активности во рамките на соработката. Состанокот заедно го водеа: г-ѓа Надеж Леклуз, раководител на секторот за меѓународна соработка и мобилност при Регионалниот совет на Долна Нормандија, г. Гале, аташе на соработката при француската амбасада во Скопје и г.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“