Средишен управен одбор на македонските партнери
На трети април во просториите на општината Велес, македонските партнери на соработката меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, одржаа полугодишен состанок. Тие имаа можност да ја анализираат петтата година од соработката и да дискутираат за тековните активности во рамките на соработката. Состанокот заедно го водеа: г-ѓа Надеж Леклуз, раководител на секторот за меѓународна соработка и мобилност при Регионалниот совет на Долна Нормандија, г. Гале, аташе на соработката при француската амбасада во Скопје и г. Зафировски, советник при Министерството за локална самоуправа на Македонија.
Македонските партнери имаа можност да дознаат повеќе за општата политичка состојба во Република Франција и во Регионот Долна Нормандија, но и да се запознаат со структурата на уредување на регионот, кој во голема мера се разликува од онаа на македонските региони. Следејќи ја предвидената програма, партнерите исто така имаа можност да зборуваат и за административните прашања во соработката и соработката на градови.
Во доменот на комуникацијата, беа претставени новата интернет страница www.bn-mk.org и логото на соработката.
Средишниот управен одбор беше одлична можност за обновување на институционалното партнерство меѓу Регионалниот Совет на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Македонија. Новиот договор за соработка ќе биде потпишан следниот јули, кога г. Лоран Бове, Претседателот на Регионот, ќе престојува во Македонија. Тој воедно ќе присуствува и на годишниот управен одбор кој ќе биде од големо значење и за партнерите на соработката, но и за сите организации и институции вклучени во децентрализираната соработка.
Macedonian
03.04.2012