Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Состанок на општините од Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend

На 25 април 2012 година, во Каен, ќе се одржи состанок на работната група на градови и општини од Регионот Долна Нормандија, кои соработуваат со градовите и општините од Република Македонија. На состанокот ќе присуствуваат: претставниците на градовите од Долна Нормандија кои се вклучени во соработката, претставници од Регионалниот Совет на Долна Нормандија, претставници од организацијата Солидарни Хоризонти, како и од Канцеларијата на соработката во Македонија кои се грижат за техничката поддршка на соработката на градови.

Присутните ќе имаат можност да зборуваат за досегашните соработки меѓу градовите, за административните и финансиските точки на соработката, но и за можностите на остварувања на нови соработки меѓу градовите. Еден дел од состанокот ќе биде посветен и на туризмот како оска на соработката, неговиот развој и неговата поврзаност со градовите и општините од двете територии.

Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, активни се седум збратимувања на градови со тенденција овој број да се зголеми во иднина.

Macedonian
20.04.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“