Волонтерството како фактор на социјалната кохезија
На 25 и 26 април, во Долна Нормандија, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА и Европската Куќа од Каен, ќе се одржи студиска посета на тема „Волонтерството како фактор на социјалната кохезија”. На студиската посета ќе земат учество еден претставник на младински организации кои работат со волонтери и еден претставник на општина од Република Македонија.
Македонската делегација за време на оваа посета ќе има можност да се запознае со организации од Долна Нормандија кои работат со млади волонтери, a воедно и да се сретнат со претставници од владини институции и невладини организации кои се задолжени за имплементација на програмата Граѓански сервис (Service civique).
Оваа активност е дел од оската „млади, локално и европско граѓанство“ во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
23.04.2012