Во Долна Нормандија се одржа семинар во соработка со меѓународниот институт за човекови права и мир за користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) за зајакнување на демократските практики. Една од целите на семинарот беше и да се анимира мрежата на мултилатералната програма за децентрализирана соработка Франција-Балкан околу темите за информирање на граѓаните преку медиумите, со помош на ИКТ.
Вести од соработката |
Туризам
04.07.2011
Во периодот од 4ти до 8ми јули, француски и македонски професионалци и експерти во областа на реставрација и реновирање на традиционалните градби, организираа обука во Пон Фарси, во Долна Нормандија. Обуката беше организирана од страна на Savoir Faire et Découverte во рамките на техничките активности со ЦИРа. Групитe на експерти, студенти и ентузијасти ги разменија своите искуства во градењето со природни материјали.
Вести од соработката |
Координација
03.07.2011
Во периодот од 3—8 јули, претставници од областа на туризмот од регионот Долна Нормандија го посетија југозападниот регион. Делегацијата од Долна Нормандија се сретна со повеќе претставници од областа на туризмот во Македонија.