Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Обука и размена на искуства за употреба на природни материјали во реновирање на традиционалната градба

Printer-friendly versionSend to friend
Во периодот од 4ти до 8ми јули, француски и македонски професионалци и експерти во областа на реставрација и реновирање на традиционалните градби, организираа обука во Пон Фарси, во Долна Нормандија. Обуката беше организирана од страна на Savoir Faire et Découverte во рамките на техничките активности со ЦИРа. Групитe на експерти, студенти и ентузијасти ги разменија своите искуства во градењето со природни материјали. За време на седум дневната обука, работилниците секојдневно завршуваа со кус состанок за здобиените знаења, искуствата и импресии од поминатиот работен ден.
 
На обуката се работеше со природни и земјени материјали, што претставуваше одлична можност да се откријат и разменат вештините за изградба на традиционален начин меѓу македонските и француските експерти. Целта на обуката е подигање на свеста на учесниците од двете територии за важноста на одржувањето и реконструкцијата на традиционалната градба и создавање на техники со цел младите да инвестираат професионално во овој домен. На тој начин, збогатувањето на знаењето и кај двете страни, но и споделувањето на искуствата и вештините со сите заинтересирани кои присуствуваа на оваа четири дневна обука, им овозможи примена на истите во своите земји.
Преку конструктивната методологија создадена од страна на обучувачите и експертите од двете земји, се стекнаа нови знаења и практики за техниките на градба и реконструкција на традиционалните градби, преку употреба на камен, земја, дрво и останати еколошки материјали.
Macedonian
04.07.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“