Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
10.12.2013
На 9 декември 2013 година, г-ѓата Оер, Амбасадорка на Република Франција во Македонија, ја посети канцеларијата на децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија во Скопје, во придружба на г. Паскал Гале, одговорен за меѓународна и институционална соработка при амбасадата.
За време на оваа прва посета во просториите на канцеларијата, г-ѓата Оер имаше можност лично да се запознае со тимот од Скопје. По тој повод, таа уште еднаш ја потврди својата поддршка и желбата да се воспостави заедничка синергија помеѓу француската амбасада и децентрализираната соработка.
>>>
Вести од соработката | Координација
20.11.2013
Од 5 до 8 ноември 2013 година, делегација на Регионалниот совет на Долна Нормандија имаше официјална посета во Македонија. Целта на посетата беше да се означи крајот на втората етапа од децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија, како и да се започне третата фаза која ќе трае од 2013 до 2016 година.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“