Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
07.08.2013
По нејзината службена посета во Македонија во јуни оваа година, Г-ѓа Ани Ан, Заменик претседател на Регионот Долна Нормандија од Франција, одговори на неколку прашања и ги претстави насоките за понатамошниот тек на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. 
 
1. Соработката со Регионот Долна Нормандија е една од најважните за Македонија. Кои се најважните елементи од програмата за време на Вашата посета во Македонија по повод Фестивалот на француски филм?
 
>>>
Вести од соработката | Координација
07.08.2013
Sur les traces des Poilus d’Orient - Histoire, mémoire et archéologie du Front d’Orient en Macédoine 1916-1918  (Историја, сеќавање и археологија на Источниот фронт во Македонија 1916-1918) Публикација објавена во рамките на заедничкиот проект за образование и археологија меѓу средното училиште „Жан Мермоз“ од Вир (ФР) и гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола (МК)
Автори на публикацијата : Eric Allart, Pierre Bénabid, Emmanuel Leplumey, Pascale Lerest, Yann Thomas, Sophie Quévillon, Иљо Трајовски.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“