Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
25.10.2013

На 24ти и 25ти октомври 2013 година, во Тирана, Албанија, се одржа второто заседание на членовите на Децентрализираната соработка Франција-Балкан. Тоа беше организирано од страна на Амбасадата на Франција во Тирана, во соработка со Делегацијата за надворешно делување на територијалните заедници при Министерството за надворешни работи (DAECT) и Француското здружение при Советот на општини и региони на Европа. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија на повеќе наврати беше презентирана во текот на овие два дена. Г.

>>>
Вести од соработката | Координација
12.12.2013
На 10 декември 2013 година, на годишнината од Декларацијата за Човекови права, амбасадата на Република Франција во Македонија за прв пат додели награда од оваа област. Свеченоста се одржа во резиденцијата на амбасадата во Скопје.
Оваа година Човековите права беа одбележани со борбата против инклузија. По тој повод, г-ѓата Оер, амбасадорката на Република Франција во Македонија, наградата ја врачи на Здружението за Заштита на правата на детето, заслужни за интеграција и едукација на децата кои живеат на подрачјето на Скопје.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“