Амбасадорката Оер во посета на канцеларијата на соработката во Скопје
На 9 декември 2013 година, г-ѓата Оер, Амбасадорка на Република Франција во Македонија, ја посети канцеларијата на децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија во Скопје, во придружба на г. Паскал Гале, одговорен за меѓународна и институционална соработка при амбасадата.
За време на оваа прва посета во просториите на канцеларијата, г-ѓата Оер имаше можност лично да се запознае со тимот од Скопје. По тој повод, таа уште еднаш ја потврди својата поддршка и желбата да се воспостави заедничка синергија помеѓу француската амбасада и децентрализираната соработка.
Средбата исто така беше одлична можност да се направи преглед на тековните активности на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, нејзината врска со амбасадата во Скопје, но и да се разговара за следниот три-годишен период на активности, вклучувајќи го тука тековниот повик за проекти.
Оваа посета е воедно и афирмација на заедничкиот ангажман, соработка и размена на искуства меѓу овие две структури.
Macedonian
10.12.2013