Во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија и Европска куќа од Долна Нормандија го започнува проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“. За таа цел на 28 ноември 2012 година, во салата на Град Скопје ќе се одржи конференција на тема: „Политика за млади за Град Скопје“. Град Скопје е веќе член на АЛДА, а преку оваа активност ќе се вклучи во Оската „Млади“.
Оска на соработка: Млади, локално и европско граѓанство
Носители на проектот
Проблемите во дефинирањето и спроведувањето на младинските локални политики, не секогаш се поклопуваат до Долна Нормандија и Македонија, иако би можело да се најдат голем број на заеднички точки во двете територии. Одговорните, и покрај тешката економска ситуација, посакуваат да ги видат младите како ресурс и како учесници во креирањето на јавните политики.
Младите претставуваат чувствителна група затоа што треба да го изградат својот идентитет и својата иднина во несигурна средина. Поради тоа активности од оваа компонента се базираат на прашањата за пристап до информација; улогата на младите во дефинирањето на нивните лични потреби, како и влегувањето на младите во професионалниот живот.
Цели
• Придонесување во изработката и спроведувањето на младинските политики,
• Долгорочно подобрување на вклученоста на младите поттикнувајќи го граѓанското учество на локално и европско ниво,
• Приближување на претставниците на граѓанското општество и образовните установи од двете територии.
Главни активности
• Студиска посета за професионална ориентација и вклучување на младите во професионалниот живот;
• Видео средби на средношколци од Долна Нормандија и Македонија во знак на Денот на Европа;
• Работилница за размена и обука на тема младинско информирање за првиот роденден на ИНФО СЕГА ;
• Семинар за младинските политики на европското ниво;
• Отворена средба за активно европско граѓанство.
Macedonian
Најнови вести
Вести од соработката |
Млади
13.07.2012
Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Куќа од Каен во периодот од 11 до 13 јули 2012 година организираа семинар на тема „Меѓуопштинска соработка за поттикнување на социјалната кохезија кај младите“ во хотел Глигоров, Струмица.