Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Коалиција на младински организации СЕГА

Printer-friendly versionSend to friend
КОНТАКТ
• Име на организацијата: Коалиција на младински организации СЕГА
• Адреса: Иво Лола Рибар, 5 – Прилеп, Македонија
• Телефон/факс: +(389) 0 48 429 390
• Интернет страница: www.sega.org.mk
• Лице за контакт: Зоран Илиески
• E-mail: sega@sega.org.mk
 
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер-организации за аплицирање и спроведување на проектот “Младински национален акционен план”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации “СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 година е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.
Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 15 полноправни и 14 придружни организации-членки.
 
Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:
• Собрание - составено од сите членки;
• Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки;
• Надзорен одбор - составен од 3 членови.
 
Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и пет регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и две во Скопје.
 
ВИЗИЈА/МИСИЈА
 
Визија
СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот.
СЕГА делува за постигнување подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи.
Успехот на СЕГА се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, подготвени да одговорат на новите предизвици.
 
Мисија
Коалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во Република Македонија, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.
 
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
- Иницирање и спроведување на законски регулативи (на национално и локално ниво) кои придонесуваат кон подобрување на животот на младите во Република Македонија,
- поддршка на младинскиот активизам,
- зголемување на информираноста и учество на младите во активности за решавање на нивните проблеми.
 
ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ
Активностите на СЕГА се насочени кон спроведување на Стратешкиот план на Коалицијата и вклучуваат: 
- лобирање и застапување на младинските потреби и прашања
- следење и спроведување на Националната стратегија за млади на Република Македонија,
- поддршка на младинското организирање,
- јакнење на организациските и техничките капацитети на младинските организации,
- воспоставување на функционални механизми за зголемување на младинското учество,
- креирање и имплементација на локални младински политики,
- иницирање и имплементација на законски регулативи со цел регулирање на статусот на младите во Република Македонија
- зголемување на информираноста на младите,
- јакнење и промовирање на меѓукултурниот дијалог меѓу младите,
- соработка со меѓународни институции и организации кои работат на полето млади.
 

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“