Европска куќа од Каен, Долна Нормандија
КОНТАКТ
• Име на организацијата : Европска куќа од Каен, Долна Нормандија
• Адреса : 10 rue de Formigny - 14000 Caen
• Интернет страница : maisoneurope-caen.org
• Тел/факс : +33 02 31 34 54 31
• Лице за контакт : Луиџи Ромилдо (Luigi Romildo)
• E-mail : projets@maisoneurope-caen.org
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Европска куќа од Каен, Долна Нормандија е создадена во 2004 година. Станува збор за асоцијација која ги промовира вредностите на Европската унија во Долна Нормандија и се залага за зголемување на присуството на Долна Нормандија во Европа.
Во оваа асоцијација членуваат приватни лица, асоцијации, школски и универзитетски институции, општини и јавни претпријатија. Европска куќа од Каен учествуваше во активности за подигање на свеста за време на европските избори во 2009 година преку зближување на младите и граѓаните до европските институции истакнувајќи ја улогата на Европскиот парламент. Во 2009 – 2010 година, спроведе пилот обука за активно граѓанство во Европа, вклучувајќи се во европската програма „Европа за граѓаните“.
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Подобрување на познавањата и разбирањето на предизвиците на ЕУ и на различните култури кои го сочинуваат европскиот континент.
Европска куќа од Каен, Долна Нормандија претставува платформа на контакти и на информации за населението од Долна Нормандија и европските актери (институционални и граѓански асоцијации) на локално, регионално, национално и европско ниво. Истовремено претставува место за дружење и средби кое има европска димензија и е координирано од страна на екипа на вработени и волонтери кои се отворени за дијалог. Европската куќа од Каен е отворена за сите кои веруваат во иднината на Европа и го делат ваквото мислење.
Европска куќа од Каен работи на зајакнување на чувството на европска припадност преку информирање, дијалог, дебати и давање предлози.
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
• Ефикасно учество во европското отворање на Долна Нормандија,
• вклучување на физички и правни лица во активности за поддршка на европската идеја,
• анимирање на активности наменети за запознавање на европските земји и европските проблематики,
• доближување на Европа до граѓаните преку информации, контакти, размени, дијалог и дебати,
• помагање во процесот на составување и реализирање на европски проекти, во рамките на програмата „Млади во акција“ и „Европа за граѓаните“,
• воспоставување на врски со европски партнери.
ОПШТИ АКТИВНОСТИ
Општите активност можат да бидат групирани во 4 дела:
1. Информирање и анимирање (манифестации, изложби, документи);
2. Меѓукултурни средби, конференции и дебати;
3. Поддршка и реализација на регионални европски проекти;
4. Подигање на свеста и обука за европските прашања во општините, средните училишта, асоцијации.
Macedonian