Соработка за подобрување на социјалната кохезија кај младите на локално ниво
Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Куќа од Каен во периодот од 11 до 13 јули 2012 година организираа семинар на тема „Меѓуопштинска соработка за поттикнување на социјалната кохезија кај младите“ во хотел Глигоров, Струмица. На семинарот учествуваа претставници од локални самоуправи (Скопје, Делчево, Струмица, Теарце, Кисела Вода, Кавадарци, Велес и Радовиш), претставници од „Моја кариера“, Министерството за труд и социјална политика и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија како и претставници од Регионот Долна Нормандија, Франција.
Семинарот беше отворен со претставување на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија. Главната цел на семинарот беше да се влијае на подобрување на социјалната кохезија на младите луѓе преку институционална соработка на локалните и националните власти.
Учесниците од Министерството за труд и социјална политика ги пренесоа своите искуства за Законот за волонтерство на Република Македонија, додека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги презентираше можностите кои ги нуди програмата „Млади во Акција“ со посебен акцент на Европскиот Волонтерски Сервис.
Семинарот понуди можност за размена на искуства и добри пракси помеѓу учесниците од Република Македонија претставниците на регионалната асоцијација на локални мисии и Европска куќа од Каен од Долна Нормандија.
Macedonian
13.07.2012