Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Оска на соработка: Млади, локално и европско граѓанство

Printer-friendly versionSend to friend

Носители на проектот

 
 
Проблемите во дефинирањето и спроведувањето на младинските локални политики, не секогаш се поклопуваат до Долна Нормандија и Македонија, иако би можело да се најдат голем број на заеднички точки во двете територии. Одговорните, и покрај тешката економска ситуација, посакуваат да ги видат младите како ресурс и како учесници во креирањето на јавните политики.
 
Младите претставуваат чувствителна група затоа што треба да го изградат својот идентитет и својата иднина во несигурна средина. Поради тоа активности од оваа компонента се базираат на прашањата за пристап до информација; улогата на младите во дефинирањето на нивните лични потреби, како и влегувањето на младите во професионалниот живот.
 

Цели

• Придонесување во изработката и спроведувањето на младинските политики,
• Долгорочно подобрување на вклученоста на младите поттикнувајќи го граѓанското учество на локално и европско ниво,
• Приближување на претставниците на граѓанското општество и образовните установи од двете територии.
 

Главни активности

• Студиска посета за професионална ориентација и вклучување на младите во професионалниот живот;
• Видео средби на средношколци од Долна Нормандија и Македонија во знак на Денот на Европа;
• Работилница за размена и обука на тема младинско информирање за првиот роденден на  ИНФО СЕГА ;
• Семинар за младинските политики на европското ниво;
• Отворена средба за активно европско граѓанство.
 

 

Macedonian

Најнови вести

Вести од соработката | Млади
19.08.2011
Во Струмица се одржа семинар на тема европските приоритет и потреби на младите на локално ниво со цел воспоставување соработка на локално, регионално и национално ниво меѓу младите од Долна Нормандија-Франција. На семинарот што го организира Коалицијата на младински организации „Сега“ во соработка со „Европска куќа“ од Каен  присуствува претставници на петнаесет општини од Македонија.
>>>
Вести од соработката | Млади
15.06.2011
Во организација на коалицијата СЕГА, во Прилеп се одржа конференција на тема „нови предизвици во младинското информирање“.  На семинарот одржан во периодот од 14 - 15 јуни, земаа учество 15 претставници на локални самоуправи од Македонија, 3 претставници од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА - Прилеп, еден претставник на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување - ERYICA, како и двајца претставници од регионот на Долна Нормандија - Франција.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“