Размената на искуства – можност за отворање на младински инфо центри во Македонија
Во организација на коалицијата СЕГА, во Прилеп се одржа конференција на тема „нови предизвици во младинското информирање“. На семинарот одржан во периодот од 14 - 15 јуни, земаа учество 15 претставници на локални самоуправи од Македонија, 3 претставници од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА - Прилеп, еден претставник на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување - ERYICA, како и двајца претставници од регионот на Долна Нормандија - Франција. Меѓу учесниците беше и градоначалникот на општина Прилеп, кој им се обрати на посетителите поздравувајќи ја иницијативата за повеќе младински центри во Македонија, истакнувајќи ја можноста за развивање на проекти со цел подобрување на животот на младите.
Посетителите имаа можност да ги споделат своите искуства и добри практики од функционирањето на младинските информативни и советодавни центри во Европа, но дискутираа и за важноста од воспоставувањето на механизми за младинско информирање на локално, регионално и национално ниво.
Со цел промовирање на младинското учество во информативните центри, конференцијата успешно заврши со потпишување на декларација со кои учесниците се обврзаа да дадат придонес во отворањето на младински центри во општините низ Македонија.
Macedonian
15.06.2011