Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија Subscribe to Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија

Вести од соработката | Координација
14.09.2012
На 1 септември беше отворен конкурсот за пријавување за обуката на француски јазик за планинарски водичи. Крајна дата за поднесување на досието е 5 октомври.
Документите треба да се испратат до Француската алијанса во Тетово, на следнава адреса:
Француска Алијанса во ТЕТОВО,
 „Дервиш Цара“ 18,
 1200 Тетово
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
14.09.2012

По првата средба меѓу двете општини што се одржа минатиот февруари во Крушево, македонска делегација ќе замине на посета во Сен Жам од 21 до 25 септември 2012 година. За време на посетата македонската делегација ќе учествува на инагурацијата на саемот во Сен Масе на 22 септември, а ќе посети историски споменици во Областа Мон Сен Мишел, како и американските воени гробишта.

>>>
Вести од соработката | Развој на земјоделство
10.09.2012
Федерацијата на фармерите на Република Македонија, во рамки на заедничката програма со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) поддржана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира четири работилници за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото за фармери од Република Македонија. Целта на работилниците е да се обезбеди спој помеѓу научните достигнувања и земјоделските практики што ќе води кон подобрување на постапките при млекопроизводството а со тоа кон подобрување на хигиената и квалитетот на млекото во Република Македонија.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“