Отворање на конкурсот за запишување на обуката на француски јазик за 5 македонски водичи
На 1 септември беше отворен конкурсот за пријавување за обуката на француски јазик за планинарски водичи. Крајна дата за поднесување на досието е 5 октомври.
Документите треба да се испратат до Француската алијанса во Тетово, на следнава адреса:
Француска Алијанса во ТЕТОВО,
„Дервиш Цара“ 18,
1200 Тетово
Овие документи може да се најдат на фејсбук страната на Француската алијанса на Тетово, како и на интернет страната на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина.
Во сабота на 22 септември во 11 часот во Француската алијанса во Тетово ќе се одржи информативна средба за заинтересираните водичи.
Оваа иницијатива е преземена по семинарот „Туризам и активности во природа“ којшто АЛДА го организираше во мај 2012 година, во Тетово како дел од програмата за мултилатерална децентрализирана соработка „Франција-Балкан“. За време на семинарот учесниците и професионалците за туризам констатираа дека пречката за развојот на планинскиот туризам, но и за туризмот во целина поради фактот што туристичките водичи не познаваат странски јазици.
Macedonian
14.09.2012