Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија Subscribe to Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија

Вести од соработката | Збратимување на градови
10.07.2012

Петчлена делегација предводена од градоначалникот на општината Флори на Орн, Марк Лесер, од 5 до 9 јули беше во посета на општина Карпош. Делегацијата беше официјално примена од градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во подолгата и срдечна средба, двајцата градоначалници изразија искрена желба за соработка на повеќе полиња како што се локалниот економски развој, млади, култура, одржливиот развој (транспорт, инфраструктура и екологија) како и демократија (локална демократија и половата еднаквост).

>>>
Вести од соработката | Координација
09.07.2012

Во рамките на програмата за децентрализирана соработка на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, предводен од г-ѓа Корине Фере, заменик претседател задолжена за образование, беше во официјална посета на Република Македонија, во Скопје и Охрид, од 4 до 7 јули 2012 година.

>>>
Вести од соработката | Координација
09.07.2012

Заменик-претседателката на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Корин Фере и Министерот за локална самоуправа, г. Невзат Бејта потпишаа спогодбата за децентрализирана соработка меѓу Регионалниот совет на Долна Нормандија и Република Македонија на 4 јули 2012 година во Скопје. Станува збор за обновување на спогодба потпишана во 2009 година каде двете страни се залагаат за зајакнување на соработката во наредните четири години. Спогодбата беше потпишана во присуство на неговата екселенција Амбасадорот на Франција во Македонија, г.

>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“