Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија продолжува

Printer-friendly versionSend to friend

Заменик-претседателката на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Корин Фере и Министерот за локална самоуправа, г. Невзат Бејта потпишаа спогодбата за децентрализирана соработка меѓу Регионалниот совет на Долна Нормандија и Република Македонија на 4 јули 2012 година во Скопје. Станува збор за обновување на спогодба потпишана во 2009 година каде двете страни се залагаат за зајакнување на соработката во наредните четири години. Спогодбата беше потпишана во присуство на неговата екселенција Амбасадорот на Франција во Македонија, г. Жан Клод Шлумберже и претседателот на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), координатор на програмата, г. Оријано Оточан.

На потпишувањето му претходеше средба меѓу Министерот и Заменик-претседателката. Министерот истакна дека активностите на Долна Нормандија во Македонија се од посебно значење, особено во делот на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој кое е особен интерес за Македонија. Навистина е важно за македонските единици на локална самоуправа да ги развиваат своите капацитети преку меѓународни проекти за европско интегрирање на земјата.

Со спогодбата се потврди интересот на двете страни за развој на програмата за соработка. Предвидените активности се развиваат врз база на проекти спроведувани во шест области: новите технологии и човекови права, млади, култура, попис на културно наследство, туризам и земјоделство. Втората фаза од програмата ќе заврши во октомври 2013 година. Партнерите вклучени во соработката веќе се подготвуваат за уште една трета фаза на програмата од 2013 до 2016 година. Посебно внимание ќе биде ставено на институционалната поддршка на процесот на децентрализација и на спроведувањето на политики за рамномерен регионален развој преку директна соработка на Регионот со Министерството.

 

 

Macedonian
09.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“