Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
27.03.2013
Раководителката на канцеларијата на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, Ивана Димитровска, учествуваше на првиот Светски форум на франкофонски жени.
 
>>>
Вести од соработката | Координација
14.03.2013
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира обуки два пати годишно. Обуките се составени од интензивни петдневни сесии, а на нив можат да аплицираат граѓаните на сите 27 земји членки на Европската унија, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Турција, Хрватска и Македонија.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“