Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Институционален развој

Printer-friendly versionSend to friend

Институционална соработка 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
 

Добро локално владеење

Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
 
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
 

Рамномерен регионален развој

Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
 

 

Macedonian

Новости од Регионален развој

Вести од соработката | Координација
09.03.2012
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, како дел од оската „Попис на културно наследство“ се одржа конференција посветена на стандардите за заштита на културното наследството, во Велес на 9 март 2012 година.  Конференцијата беше организирана од Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство и Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност.
 
>>>
Вести од соработката | Координација
20.03.2012
Средишниот управен одбор на француските партнери од програмата на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија ќе се одржи во просториите на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, на 20 март 2012, во Каен.
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“