Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Состанок со градоначалникот на Велес

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, како дел од оската „Попис на културно наследство“ се одржа конференција посветена на стандардите за заштита на културното наследството, во Велес на 9 март 2012 година.  Конференцијата беше организирана од Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство и Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност.
 
Како дел од истата г-ца Ивана Димитровска, раководител на канцеларијата на соработката Долна Нормандија и Македонија и г-ца Катица Јанева, координатор на проектот имаа средба со градоначалникот на Велес и воедно Претседател на Асоцијацијата на градови од Македонија, г. Горан Петров. На средбата се дискутираше за досегашните и идните активности на оската „Попис на културно наследство“, како и за соработката на градот Велес со нивниот збратимен град Шербур Октевиљ од Долна Нормандија. Градоначалникот Петров истакна дека ваквиот вид на соработки и размени на искуства го поттикнуваат одржливиот развој на општината.
 
Во оваа соработка се вклучени и други чинители од Велес: невладини организации, јавни претпријатија и културни установи. Иницијатива за соработка има и од македонска и од француска страна и треба да се работи во таа насока. Како резултат на добрата соработка со општина Велес, на 3 април 2012 година во просториите на општина Велес ќе се одржи средишниот управен одбор на програмата за децентрализирана соработка Долна Нормандија Македонија. 
Macedonian
09.03.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“