На 7 и 8 јуни 2012 година, во Удине, се одржа Генералното собрание на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА). На средбата учествуваа членовите на АЛДА и канцеларијата на децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија. За време на Генералното собрание, членовите на АЛДА избраа нов претседател и нов Управен одбор што ќе ја води Асоцијацијата наредните четири години. Помеѓу избраните членови на управниот одбор на АЛДА е и Алан Туре, потпретседател на Регионот Долна Нормандија.
Институционален развој
Институционална соработка
Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, започна во 2006 година, со основна цел да придонесе за развивањето на меѓународната соработка на двете територии. Се работи за единствена соработка каде еден француски регион соработува со држава, односно со Република Македонија.
Добро локално владеење
Зајакнувањето на локалната власт во двете територии е јадрото на овој проект. Покрај тоа што доброто локално владеење е централно во активностите спроведувани во шесте оски од страна на здруженија на граѓани, зајакнувањето на локалната власт во овој проект исто така се реализира преку низа трансверзални активности за локален и регионален развој:
- Поддршка на процесот на децентрализација во Македонија;
- Вклучување на градоначалници и општински советници на локално и регионално ниво во меѓународни соработки;
- Зајакнување на капацитетите на државните службеници на локално ниво од двете територии
Рамномерен регионален развој
Рамномерниот регионален развој претставува предизвик и за двете земји: за Франција преку територијалната реформа и за Македонија преку Стратегијата за рамномерен регионален развој.
Macedonian
Новости од Регионален развој
Вести од соработката |
Координација
16.05.2012
Студентите на универзитетот ФОН – Факултет за социјални науки во Македонија, имаа можност да дознаат повеќе за децентрализираната соработка. На 16 мај 2012 година, во просториите на универзитетот во Скопје, петнаесетина студенти од прва и втора година при катедрата на Факултетот за применети странски јазици, присуствуваа на презентација на соработката, претставена од лицето одговорно за комуникации на проектот, Сања Трпковска.