Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Долна Нормандија во Управниот одбор на АЛДА

Printer-friendly versionSend to friend
На 7 и 8 јуни 2012 година, во Удине, се одржа Генералното собрание на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА). На средбата учествуваа членовите на АЛДА и канцеларијата на децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија. За време на Генералното собрание, членовите на АЛДА избраа нов претседател и нов Управен одбор што ќе ја води Асоцијацијата наредните четири години. Помеѓу избраните членови на управниот одбор на АЛДА е и Алан Туре, потпретседател на Регионот Долна Нормандија. Тој на Генералното собрание беше претставен од страна на Сабин Гише Лебаји, раководител на секторот за децентрализирана соработка во Регионот на Долна Нормандија. 
 
Како нов претседател беше избран Оријано Оточан којшто го претставува регионот Истра, во Хрватска. Според новоизбраниот претседател Оточан, важно е да се продолжи со активностите на АЛДА во земјите од југоисточна Европа, бидејќи сè уште има многу централизирани држави коишто се стремат за пристапување кон Европската унија. Притоа, АЛДА може многу да придонесе и да биде поддршка за овие држави за да ги исполнат потребните услови за пристапување кон европското семејство. 
 
За време на Генералното собрание, беше претставен првиот нацрт-план на стратегијата 2020 на АЛДА, а членовите исто така дискутираа и ја одобрија програмата за 2012 година и дискутираа за буџетот како и за повеќе годишните програми. 
 
Помеѓу членовите на АЛДА се и Регионот Долна Нормандија, Центарот за институционален развој (ЦИРа), Европската куќа – Долна Нормандија и Коалицијата на младински организации – СЕГА коишто се вклучени во децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
 

 

Macedonian
09.06.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“