Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови

Printer-friendly versionSend to friend

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија силно ги поддржува сите директни соработки помеѓу општини од двете територии со цел да ја промовира локалната демократија преку секаков вид размени. 

Во рамките на оваа програма се создадоа седум соработки: 
1. Охрид (МК) – Каен (ФР)
2. Струга (MK) – Вистрам (ФР)
3. Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-мер (ФР)
4. Дебар (МК) – Иф (ФР) 
5. Берово (МК) – Ливаро (ФР)
6. Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР)  
7. Карпош (МК) - Флери-сур-Орн (ФР)
 
 
Темите на соработка помеѓу збратимените градови се разноврсни: млади, култура, културно наследство, одржлив туризам, земјоделство, животна средина итн. Иако овие партнерства се должат на динамичната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, локалните власти од двете територии се независни во нивните активности и самите ги градат акционите планови за соработка. 
За повеќе информации околу локалните власти во Долна Нормандија и Македонија консултирајте ги Децентрализација во Франција и Децентрализација во Македонија
 
Организацијата „Солидарни Хоризонти“ и Канцеларијата на соработката во Скопје имаат задача внимателно да ги следат односно координираат овие соработки, како и да придонесуваат за создавање на нови контакти и партнерства. Во Франција и во Македонија се формирани работни групи на градови кои учествуваат во соработката. Целта е да се овозможи место за дебата и размена на добри искуства и практики, што би допринело за развој и збогатување на оваа меѓународна соработка на општините кои се дел од соработката.
 
За повеќе информации симнете ја: Повелбата на локалните власти од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија.
 
Збратимувањата на општини од Долна Нормандија и Македонија овозможуваат размени помеѓу жители од двете земји, размени кои придонесуваат за подобро заедничко запознавање и разбирање. Овие елементи се неопходни за промоција на европското граѓанство. 
 
За повеќе информации консултирајте ги следниве страни: 

 

Macedonian

Најнови вести од збратимување на градови

Вести од соработката | Збратимување на градови
22.02.2012
krusevo©Wikimedia Commons
Во периодот од 22ри до 24ти февруари 2012 година, делегација на општината Сен Жам од Долна Нормандија ќе го посети Крушево, во централниот дел на Република Македонија.
Оваа посета, во рамките на збратимувањето на градови, ќе започне на 23ти февруари со официјалниот прием во општината на Крушево и ќе продолжи со средби во областите на урбанизмот и културата. Овој краток престој на делегацијата од Сен Жам во Македонија ќе им овозможи на двете општини да ги зајакнат своите врски, работејќи на заедничките точки за идна успешна соработка.
 
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
15.01.2012
Градот Каен, главен град на Регионот Долна Нормандија и македонскиот град Охрид, веќе неколку години соработуваат како збратимени градови. Како резултат на таа соработка, двата града имаа можност да ги зајакнат своите врски за време на работната седмица помината во Македонија, во периодот од 15ти до 21ви јануари.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“