Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови

Printer-friendly versionSend to friend

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија силно ги поддржува сите директни соработки помеѓу општини од двете територии со цел да ја промовира локалната демократија преку секаков вид размени. 

Во рамките на оваа програма се создадоа седум соработки: 
1. Охрид (МК) – Каен (ФР)
2. Струга (MK) – Вистрам (ФР)
3. Вевчани (МК) – Ерманвил-сур-мер (ФР)
4. Дебар (МК) – Иф (ФР) 
5. Берово (МК) – Ливаро (ФР)
6. Велес (МК) – Шербур-Октевил (ФР)  
7. Карпош (МК) - Флери-сур-Орн (ФР)
 
 
Темите на соработка помеѓу збратимените градови се разноврсни: млади, култура, културно наследство, одржлив туризам, земјоделство, животна средина итн. Иако овие партнерства се должат на динамичната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, локалните власти од двете територии се независни во нивните активности и самите ги градат акционите планови за соработка. 
За повеќе информации околу локалните власти во Долна Нормандија и Македонија консултирајте ги Децентрализација во Франција и Децентрализација во Македонија
 
Организацијата „Солидарни Хоризонти“ и Канцеларијата на соработката во Скопје имаат задача внимателно да ги следат односно координираат овие соработки, како и да придонесуваат за создавање на нови контакти и партнерства. Во Франција и во Македонија се формирани работни групи на градови кои учествуваат во соработката. Целта е да се овозможи место за дебата и размена на добри искуства и практики, што би допринело за развој и збогатување на оваа меѓународна соработка на општините кои се дел од соработката.
 
За повеќе информации симнете ја: Повелбата на локалните власти од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија.
 
Збратимувањата на општини од Долна Нормандија и Македонија овозможуваат размени помеѓу жители од двете земји, размени кои придонесуваат за подобро заедничко запознавање и разбирање. Овие елементи се неопходни за промоција на европското граѓанство. 
 
За повеќе информации консултирајте ги следниве страни: 

 

Macedonian

Најнови вести од збратимување на градови

Вести од соработката | Збратимување на градови
21.08.2012
Во рамките на соработката меѓу градовите Дебар и Иф, 24 млади (12 од Македонија и 12 од Франција) ќе учествуваат на камп на Дебарското езеро, во кругот на Центарот за спорт во вода, во периодот од 23 до 31 август 2012 година. За време на престојот ќе бидат организирани разни активности со цел младите да го запознаат градот, културата и традициите. Предвидени се посети на верски објекти, театарот, како и на неколку градови како: Охрид, Струга и Вевчани. Во рамките на престојот ќе се спроведе и еколошка акција за чистење.
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
20.07.2012

Како дел од соработката меѓу Вевчани и Ерманвил-сур-Мер предвидена е младинска размена на група од десетина млади луѓе од општина Вевчани во Ерманвил-сур-Мер, во периодот од 21 до 29 јули 2012. Предвидени се крајбрежни активности од спортски карактер, како: пливање, јахта на песок, правење летала и змејови, но тие исто така ќе учествуваат на еколошка акција за чистење на плажата. На вечерата посветена на меѓукултурно запознавање, младите ќе ја претстават Македонија и македонските игри и песни.

>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“