Делегација на францускиот град Каен во посета на Охрид
Градот Каен, главен град на Регионот Долна Нормандија и македонскиот град Охрид, веќе неколку години соработуваат како збратимени градови. Како резултат на таа соработка, двата града имаа можност да ги зајакнат своите врски за време на работната седмица помината во Македонија, во периодот од 15ти до 21ви јануари.
Градоначалникот на градот Охрид, г. Александар Петрески ја пречека делегацијата од Долна Нормандија, предводена од заменикот на градоначалникот на Каен, г. Жан Нотари. Претставниците на локалната власт од двата града разговараа за продлабочувањето на соработката во повеќе области, особено во туризмот, културата, уметноста, архитектурата и урбанизмот.
Гостите од Долна Нормандија ги посетија и најважните културно-историски локации во градот и имаа можност да присуствуваат на прославувањето на празникот Водици, кое секоја година традиционално се одржува на охридското крајбрежје и веќе прераснува во вистинска туристичка атракција.
Повеќе информации: Делегација на Градот Каен во посета на Охрид
Macedonian
15.01.2012