Делегација од Сен Жам во посета на Крушево
Во периодот од 22ри до 24ти февруари 2012 година, делегација на општината Сен Жам од Долна Нормандија ќе го посети Крушево, во централниот дел на Република Македонија.
Оваа посета, во рамките на збратимувањето на градови, ќе започне на 23ти февруари со официјалниот прием во општината на Крушево и ќе продолжи со средби во областите на урбанизмот и културата. Овој краток престој на делегацијата од Сен Жам во Македонија ќе им овозможи на двете општини да ги зајакнат своите врски, работејќи на заедничките точки за идна успешна соработка.
Претставниците на двете општини прв пат се сретнаа во јуни 2012 година, во Долна Нормандија за време на работилницата за стратегиско планирање. Работилницата се одржа во рамките на оската културни политики на која присуствуваа претставници на повеќе општини од двете територии.
Macedonian
22.02.2012