Врз основа на спроведената проценка за можностите, условите и капацитетите на општините од Југозападниот Плански регион за развивање на стратегија за туризам, ЦИРа во период од 29 до 31 август 2013 година, во Охрид, спроведе обука за „Креирање на стратегија за туризам на локално ниво“. Обуката беше спроведена од страна на Македонски експерти за локален и регионален развој, од ЦИРа, г. Зоран Стојковски, извршен директор и г. Зоран Стефановски, директор за финансии и развој.