Туризмот, важна компонента за локалниот и регионалниот развој
На 28 мај 2013 година, во Скопје, се одржа работна средба меѓу делегацијата на Областа Мон Сен Мишел од Долна Нормандија и организацијата ЦИРа. На средбата двете делегации зборуваа за развојот на туризмот на локално и регионално ниво, со посебен осврт на изработка на стратегија за туризам за Југозападниот регион на Македонија.
Двете делегации имаа можност да дискутираат и за досегашните активности во рамките на оската, но и за нивниот развој и континуитет во иднина. Размената на искуства е една од клучните точки на соработката меѓу екипите од двете територии и искуството на Областа Мон Сен Мишел во доменот на туризмот може да биде значајна и применлива за развојот на туризмот во Југозападниот регион. Така, соработката продолжува со работна посета на експертите од ЦИРа, предвидена за месец јуни.
Според бројот на гости, Мон Сен Мишел во Долна Нормандија и Охрид во Македонија, остануваат водечки туристички дестинации за локалните и меѓународните посетители. Привлекување на туристи и во останатите места на регионите, по пат на промовирање на нивните туристички квалитети, е еден од главните предизвици во идната соработка во оваа област.
Macedonian
03.06.2013