Запознавање со секторот за туризам во Долна Нормандија
Македонска делегација ќе ја посети Долна Нормандија од 8 до 15 мај со цел подобро да се запознае со работата на секторот за туризам во регионот. Делегацијата, составена од претставници од различни македонски туристички организации: Министерство за локална самоуправа, Центар за развој на Југозападниот регион на Македонија, Туристичка комора на Македонија и други, ќе се сретне со повеќе претставници на туризмот од Долна Нормандија од Каен и од областа Земјите на Заливот.
Освен за петтата оска на соработка, развојот на туризмот е важен и за градовите и општините збратимени во рамките на децентрализираната соработка. На состанокот на општините, кој се одржа на 25 април оваа година во Каен, работната група дискутираше за зајакнување на туристичките капацитети на македонските градови, како и за можна изработка на заеднички проект во оваа област.
Macedonian
06.05.2012