Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Теута Арифи денеска престојува во работна посета на Република Франција при што оствари средба со министерот за европски прашања на Франција Бернард Казнев.
За време на средбата вицепремиерот Арифи информираше за напредокот кој е постигнат во реализацијата на реформскиот процес во нашата земја пред се во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво.
Во Република Македонија веќе една декада интензивно се спроведува процес на децентрализација преку кој голем број надлежности се пренесуваат на единиците на локална самоуправа. Министерството за локална самоуправа го следи и надгледува тој процес, но не секогаш добива информации за мислењата и сугестиите на самите граѓани, ниту пак за работата на општинските совети.
Петтото издание на фестивалот на француски филм во Охрид започна на 30 јуни 2012 година, а ќе заврши на 5 јули. По четирите претходни изданија, проследени со огромен успех, петтото издание ветува уште побогата програма и интересни филмски наслови. Филмовите ќе се прикажуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“. Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Во јануари и февруари 2012 година, Француската амбасада во Република Македонија потпиша три меморандуми за соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, со Академијата за судии и јавни обвинители и со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија. Договорите се однесуваат на претстојниот тригодишен период, односно за 2012, 2013 и 2014 година.
Нови технологии | ИКТ компаниите добиваат можност за вклучување во нов владин проект т.н. концепт на отворени е - услуги, заснован на јавно-приватно партнерство. Преку развивање електронски услуги што ги нудат државните институции треба на граѓаните да им овозможат што побрз пристап до нив по електронски пат.