Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Франција и Македонија потпишаа договори за соработка

Printer-friendly versionSend to friend
Во јануари и февруари 2012 година, Француската амбасада во Република Македонија потпиша три меморандуми за соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, со Академијата за судии и јавни обвинители и со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија. Договорите се однесуваат на претстојниот тригодишен период, односно за 2012, 2013 и 2014 година.
 
Договорите опфаќаат различни области на соработка кои имаат заедничка цел да и’ овозможат поддршка на Владата на Република Македонија согласно предлозите на Европската комисија за влез на Македонија во Европската Унија.
 
Повеќе детали во врска со потпишаните договори можете да прочитате во следниве написи на македонски: Договор за соработка меѓу Француската амбасада и Адвокатската комора, Владата потпиша Меморандум за соработка со Франција за поддршка на реформите во јавната администрација и на француски јазик: Signature d’un accord de coopération entre l’Ambassade de France et l’Académie des Juges et des Procureurs и Signature d’un accord de coopération entre l’Ambassade de France et le Ministère de la Société de l’Information et de l’Administration.
Macedonian
15.02.2012
Извори: Француска амбасада во Скопје, Влада на Република Македонија, Македонска радио-телевизија

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“