Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Граѓаните во Македонија активно ќе учествуваат во процесот на децентрализација

Printer-friendly versionSend to friend
Во Република Македонија веќе една декада интензивно се спроведува процес на децентрализација преку кој голем број надлежности се пренесуваат на единиците на локална самоуправа. Министерството за локална самоуправа го следи и надгледува тој процес, но не секогаш добива информации за мислењата и сугестиите на самите граѓани, ниту пак за работата на општинските совети.
Волјата за активно вклучување на граѓаните во процесот на децентрализација резултираше со проектот „Инцијатива за децентрализација низ одговор на граѓаните“ подготвен од страна на Министерството за локална самоуправа и Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во Скопје. Проектот предвидува воведување на систем со отворен телефон и интерактивна веб платформа преку кои граѓаните ќе можат да известуваат за проблемите поврзани со одлуките на општинските совети, а локалните власти да можат бргу да реагираат и да се фокусираат на решавање на истите. Со овој систем за првпат во Република Македонија се овозможува граѓаните директно да искажуваат мислења и предлози, да пријават недоследности во спроведувањето на законски утврдените процедури од страна на локалните власти, да искажат незадоволство за одлуките на општинските совети, да дебатираат за прашања поврзани со локалните услуги и се со цел локалната самоуправа да биде подобра и поефикасна.
За повеќе информации, консултирајте го сајтот dajpredlog.mk.
 
Macedonian
19.11.2012
Извор: dajpredlog.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“