Долна Нормандија на Фестивалот на францускиот филм во Охрид
Петтото издание на фестивалот на француски филм во Охрид започна на 30 јуни 2012 година, а ќе заврши на 5 јули. По четирите претходни изданија, проследени со огромен успех, петтото издание ветува уште побогата програма и интересни филмски наслови. Филмовите ќе се прикажуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“. Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Во текот на фестивалот Долна Нормандија ќе има можност да ја престави својата филмска продукција со прикажување на филмот „Спорт за жени“, на режисерката Патриција Мазиј. Филмот ќе биде прикажан на 3 јули и ќе учествува на официјалниот натпреварувачки дел на фестивалот. Истиот ден, попладнето ќе биде посветено на промоција на краткометражни филмови поддржани од Долна Нормандија. Во „краткометражното попладне“ ќе се прикажат филмовите: „Девојка модел“ на Сесил Дикрок, „Рефрен“ на Бежамен Сереро и „Меѓу нас“ на Клеман Кожитоар.
За време на свеченото затворање на фестивалот на 5 јули една од филмските награди ќе биде доделена од страна на потпретседателот на Регионалниот совет на Долна Нормандија, г-ѓа Корин Фере.
Целосната програма на фестивалот е достапна на: ccfskopje.edu.mk
Macedonian
02.07.2012