Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Вицепремиерот Арифи во работна посета на Франција

Printer-friendly versionSend to friend
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Теута Арифи денеска престојува во работна посета на Република Франција при што оствари средба со министерот за европски прашања на Франција Бернард Казнев.
 
За време на средбата вицепремиерот Арифи информираше за напредокот кој е постигнат во реализацијата на реформскиот процес во нашата земја пред се во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво.
 
Соговорниците разговараа и за последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија при што Арифи истакна дека Владата на Република Македонија подготви Акциски план во кој се адресираат препораките на Комисијата во петте клучни области.
 
Министерот Казнев истакна дека треба да се задржи позитивниот моментум во имплементацијата на реформите од европската агенда кој се воспостави со Пристапниот дијалог. Мазнев исто така истакна дека Франција ја поддржува европската интеграција на Македонија.
 

 

Macedonian
03.12.2012
Извор: sep.gov.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“