Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Збратимување на градови
20.11.2013

Осуммина млади од Флери-сур-Орн (Долна Нормандија) - Франција, со полесна интелектуална попреченост, ќе снимаат визуелна репортажа за општина Карпош. По тој повод, тие денеска во просториите на УЗ Влае 1 се сретнаа со лицата со посебни потреби од Карпош, при што воспоставија лични пријателски односи и преку видеопроекција ги запознаа карпошани со знаменитостите на општината Флери. Придружувани од стручните лица од Медицинско-образовниот институт...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
18.11.2013
Во рамките на соработката помеѓу Општина Карпош и Општина Флери-сур-Орне од Франција, од 18 до 23 ноември 2013 година во Карпош ќе престојуваат 8 млади лица со лесна интелектуална попреченост од Медициско-образовниот институт на Флори-сур-Орне од Долна Нормандија, Франција. Оваа посета се реализира за проектот „Флори-Карпош: филм за една средба“ каде што младите ќе реализираат краток филм за двата збратимени града. Преку интервјуа со жителите на...
>>>
Вести од соработката | Човекови права
08.11.2013
Амбасадата на Франција во Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и мир, на 7ми ноември 2013 во Скопје, го организираа Вториот ден на француско-македонско компаративно право. По првото одржување на овој настан во февруари 2013 година, второто беше посветено на темата „административно право“. Во текот на овој ден, бројни предавачи од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и Универзитетот од Каен, како и правници од Долна Нормандија говореа...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“