Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Збратимување на градови
16.09.2013
Од 24 август до 1 септември 2013 година, 36 млади од Франција, Македонија и Бугарија се сретнаа на нормандиското крајбрежје со цел да разменат знаења за европските вредности и еко-граѓанството.
Младите Французи и Македонци имаа прилика да се запознаат минатата година во Македонија, за време на младинската размена во Дебар. Оваа година, тие повикаа и трета земја, Бугарија. За време на престојот се работеше главно на две теми. Првата се однесуваше...
>>>
Вести од соработката | Туризам
15.09.2013
ЦИРа во период од 29 до 31 август 2013 година, во Охрид, заедно со своите партнери од од Областа на Заливот Мон Сен Мишел, спроведе обука за „Креирање на стратегија за туризам на локално ниво“. Резултатите од оваа обука се објавени во соодветна публикација која ќе послужи како прирачник за нејзина имплементација.
Документот можете да го преземете тука.
>>>
Вести од соработката | Туризам
10.09.2013
Врз основа на спроведената проценка за можностите, условите и капацитетите на општините од Југозападниот Плански регион за развивање на стратегија за туризам, ЦИРа во период од 29 до 31 август 2013 година, во Охрид, спроведе обука за „Креирање на стратегија за туризам на локално ниво“. Обуката беше спроведена од страна на Македонски експерти за локален и регионален развој, од ЦИРа, г. Зоран Стојковски, извршен директор и г. Зоран Стефановски, дир...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“