Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Човекови права
22.08.2013
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен подготвија анкета на тема како и колку се користи интернетот и социјалните мрежи. Целта на оваа анкета е да се добие реална слика за перцепцијата на интернетот кај корисниците.
 
Оваа анкета е дел од првата фаза на проектот кој работи на подигање на свеста за човековите права на интернет. Со таа цел,...
>>>
Вести од соработката | Развој на земјоделство
13.08.2013
На 12 август 2013 година, Федерацијата на фармери на Република Македонија организираше студиско посета на македонски фармери во Косово. Посетата беше организирана во соработка со ИАДК (Иницијатива за развој на земјоделството на Косово). На студиското патување учествуваа 13 фармери од Југозападниот и Скопскиот регион на Македонија. Посетата имаше за цел да се разменат искуства во делот на одржување на хигиена на фарма и правилна исхрана на добиток...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
12.08.2013
Како дел од тригодишната соработка меѓу општините Вевчани и Ерманвил од Долна Нормандија, во периодот од 23 до 31 јули 2013 година се одржа младинска размена од Ерманвил во општина Вевчани. Дванаесет млади од Долна Нормандија имаа можност да се запознаат  со збратимената македонска општина.
„Нурни се во море, искачи се на планина – Дел 2“, е продолжение на проектот кој мината година во јули се одржа во градот Ерманвил, Долна Нормандија  и на кој...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“