Младите од Вевчани и Ерманвил повторно се „нурнаа во море и се искачија на планина“
Како дел од тригодишната соработка меѓу општините Вевчани и Ерманвил од Долна Нормандија, во периодот од 23 до 31 јули 2013 година се одржа младинска размена од Ерманвил во општина Вевчани. Дванаесет млади од Долна Нормандија имаа можност да се запознаат со збратимената македонска општина.
„Нурни се во море, искачи се на планина – Дел 2“, е продолжение на проектот кој мината година во јули се одржа во градот Ерманвил, Долна Нормандија и на кој присуствуваа десетина млади од општина Вевчани. Целта на проектот беше да се поттикне заемното разбирање, да се промовира европската соработка, активно граѓанство, солидарност и толеранција меѓу младите од Македонија и Долна Нормандија. Дружејќи се по пат на интеракција и голем број на игри и активности, младите Французи можеа да се запознаат со убавините на вевчанската општина, да споделат искуства и да научат повеќе за македонската традиција.
Ваквите младински средби претставуваат можност за подобро запознавање на различните култури и навики.
За повеќе информации посетете го блогот на проектот.