Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.
Вести од соработката
|
Збратимување на градови
16.11.2011
Од 16ти до 18ти ноември 2011 година во италијанскиот регион Венето, се одржаа две големи конференции Интакт (Intact) и Стенд-ап (Stand-up,) организирани од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА во рамките на програмата Европа на граѓаните (Europe for citizens). Сто и дваесет учесници од десет држави, меѓу кои и претставници на регионите, општинските единици и локалните власти, но и претставници на голем број европски г...
Вести од соработката
|
Збратимување на градови
02.11.2011
Вистрам, Долна Нормандија | На втори ноември 2011 година, во просториите на општината во Вистрам (Ouistreham), градоначалникот на Вистрам, г. Андре Ледран и г. Муним Бајкрактар, шеф на струшката делегација, потпишаа три годишен меморандум за соработка. Струга и Вистрам ја започнуваат официјалната соработка во полињата туризам, животната средина и млади. Потпишувањето на договорите е резултат на повеќе средби технички средби остварени во изминати...
Вести од соработката
|
Дигитални технологии
22.09.2011
Во рамките на соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, фондацијата Метаморфозис објави јавен повик за практиканти кои сакаат да стекнат нови компјутерски вештини за објавување веб содржини и со тоа да допринесат во збогатувањето на информациите за својот град на интернет. Повикот е насочен кон студентите на факултетите за новинарство, политички науки, туризам, етнологија, археологија, историја, филологија и др. но и кон сите они...