Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Анимиран поучен филм на тема сајбер-насилство достапен на шест јазика

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian
Во рамките на проектот за подигнување на свеста за приватноста на интернет „Приватност на интернет на лесен начин“, фондацијата Метаморфозис подготви краток анимиран филм „Силеџија“ на тема заплашување на младите преку современи алатки како мобилни телефони или интернет. Целта на филмот е да се подигне свеста кај младите луѓе за сајбер-насилството што е честа современа појава, како и ефектите од него врз жртвата и можните последици за оние што ја користат оваа форма на насилство за да ги заплашат другите.
Со цел да се допре до што поголема публика од различни говорни подрачја, филмот е преведен на француски, англиски, албански, турски и ромски јазик (сите јазични верзии се достапни на следниов линк http://goo.gl/Q3O2z). Јазичните верзии беа подготвени во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија. Француските верзии, се наменети за промоција на проектите преку дигиталните клубови во Долна Нормандија, со потенцијал да се рашират и повеќе.
Како дел од иницијативата за подигнување на свеста за заштита на приватноста и безбедноста на интернет развиени се и 13 кратки филмови (http://crisp.org.mk/filmovi) и 10 онлајн игри и квизови (http://crisp.org.mk/igri), кои исто така се адаптирани на албански, турски, ромски и француски јазик. Со темите се опфатени: онлајн-грабливците, сајбер-насилството, заштитата на лозинките, зависноста од игри и чет, онлајн-купувањето, плагијатот...

 

31.08.2012
youtube

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“