Претставници на туризмот од Долна Нормандија го посетија југозападниот регион на Македонија
Во периодот од 3—8 јули, претставници од областа на туризмот од регионот Долна Нормандија го посетија југозападниот регион. Делегацијата од Долна Нормандија се сретна со повеќе претставници од областа на туризмот во Македонија.
За време на состаноците македонската и француската страна разговараа за можни соработки во оваа област, но и посетија многу локации со туристички потенцијал во југозападниот регион. Оваа работна посета овозможи да се одредат можните чекори за соработка во неколку туристички домени, како што се капацитетите за сместување, културното наследство итн. Француската делегација оцени дека нормандиското искуство би можело да допринесе за зајакнување и развој на туризмот во целиот југозападен регион, а особено во посетените градови и општини: Охрид, Струга, Кичево, Вевчани, Другово и Манастирец.
Macedonian
03.07.2011