Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија Subscribe to Најнови вести од соработката помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија

Вести од соработката | Развој на земјоделство
28.06.2013

Во периодот од 22 до 28 јуни 2013 година, двајца млеко производители од Долна Нормандија беа во посета на Македонија. Посетата на француските фармери имаше за цел да ја поттикне свеста на македонските млеко производители за подобрување на квалитетот на млекото за да се зголеми неговата конкурентност на пазарот. Во таа насока, тие посетија неколку фарми низ Македонија и одржаа работилница на тема „ Здружување на млеко производителите во кооперативи и откупни пунктови“. Работилницата се одржа во ново отворената млекара „Суташ".

>>>
Вести од соработката | Развој на земјоделство
28.06.2013

Федерацијата на фармерите на РМ и земјоделски техничар од млекарата „Суташ" ја посетија фармата на Вера Трајковска од скопското село Илинден, каде што со сточари одржаа обука за обезбедување на хигиена на млекото од процесот на молзење до носење на млекото во млекарниците. На работилница беа пренесени француските практики кои Вера Трајковска и земјоделскиот техничар од Суташ, Симона Анѓелеска ги видоа за време на нивниот престој во Франција кои се пременуваат од земјоделците од Долна Нормандија.

>>>
Вести од соработката | Координација
24.06.2013
Делегација од Регионот Долна Нормандија (Франција), предводена од Заменик Претседателот на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Ани Ан, одговорна за меѓународна соработка, ќе престојува во Македонија од 24 до 27 јуни 2013 година. Целта на оваа работна посета е да се направи преглед на билатералната децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, која веќе шест години успешно се одвива меѓу двете територии.
 
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“