Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Француски фармери во посета на Македонија

Printer-friendly versionSend to friend

Во периодот од 22 до 28 јуни 2013 година, двајца млеко производители од Долна Нормандија беа во посета на Македонија. Посетата на француските фармери имаше за цел да ја поттикне свеста на македонските млеко производители за подобрување на квалитетот на млекото за да се зголеми неговата конкурентност на пазарот. Во таа насока, тие посетија неколку фарми низ Македонија и одржаа работилница на тема „ Здружување на млеко производителите во кооперативи и откупни пунктови“. Работилницата се одржа во ново отворената млекара „Суташ". На предавањето беа присутни фармери од прилепско-битолскиот и скопско-кумановскиот регион кои што имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на кооперативите во Франција каде истите се поделени согласно намената за која се користат, односно кооперативи за набавка на материјали, кооперативи за млеко и производство на млечни производи, кооперативи за поврзување на фармерите со пазарот итн.

Во рамките на посетата, на 26 јуни се одржа трибина на тема „Подобрување на квалитетот на млекото“, на која свои излагања имаа француските претставници и проф. д-р Владимир Какуринов, според кој хигиената на фармите може да се подобри без големи вложувања, со примена на добри земјоделски практики. Какуринов се осврна на хигиенското инженерство и дизјанот,релативно нови работи за Македонија кои не е тешко да се постигнат доколку се следат упатствата. Ова пракса во светот постои веќе 15 години. На оваа проблематика работат најголемите светски компании и универзитети заедно, изработуваат документи кои потоа стануваат европска регулатива. 

За повеќе информации посетете ја официјалната страна на ФФРМ.

Macedonian
28.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“