Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.


Вести од соработката | Координација
24.06.2013
Делегација од Регионот Долна Нормандија (Франција), предводена од Заменик Претседателот на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Ани Ан, одговорна за меѓународна соработка, ќе престојува во Македонија од 24 до 27 јуни 2013 година. Целта на оваа работна посета е да се направи преглед на билатералната децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, која веќе шест години успешно се одвива меѓу двете територии.
 
Известу...
>>>
Вести од соработката | Туризам
20.06.2013
Во периодот од 12 до 16 јуни 2013 година, во рамките на оската „Туризам“ претставници од Центарот за институционален развој – ЦИРа беа во работна посета на Областа Мон Сен Мишел од  Долна Нормандија. Целта на посетата беше развивање и подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во југозападниот плански регион во Македонија. Во текот на тридневната посета, експертите од ЦИРа заедно со туристичките работници од Областа Мон Сен Мишел направија...
>>>
Вести од соработката | Збратимување на градови
20.06.2013
На 20 јуни 2013 година во Скопје се одржа состанок на работната група на општините од Република Македонија кои соработуваат со општини од регионот Долна Нормандија. На средбата која беше организирана од страна на канцеларијата на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје и Заедницата на единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС)присуствуваа претставници од општините Карпош, Велес, Берово, Охрид и Дебар.
На средбата беа претставени теко...
>>>

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“