Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Работилница за анализа и стратешко планирање за развој на културата во регионот Пелагонија

Printer-friendly versionSend to friend
Битола беше домаќин на работилницата во времетраење од четири дена на која земаа активно учество триесетина претставници на културниот сектор од сите девет општини на Пелагонискиот регион (претставници од општините одговорни за култура, јавните културни институции, здруженија на граѓани, независни уметници, занаетчиски здруженија итн.).
Работилницата се реализираше преку серија презентации (реализирани од експерти и соработници од земјава и странство) и интерактивен метод на работа во групи во кои активно се вклучија сите учесници.
Во рамките на работилницата се работеше на неколку различни нивоа. Пред сè се направи анализа на состојбите во полето на културата во општините од регионот Пелагонија, се работеше на градење на визија и цели за развој на културата во регионот, како и на дефинирање на акционен план за изработка на стратегија и план за културен развој на Пелагонискиот регион. На крај на работилницата се креираше координативно тело кое ќе го спроведува акциониот план за периодот кој следи. Изработката на стратегијата, планот и спроведувањето на активностите ќе придонесат кон поголема видливост на регионот, регионална координација на културната понуда и можност за поголема промоција во и вон рамките на земјата. 
Носителите на оската за Културна политика и културна размена се Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје – Локомотива и Регионалниот центар за култура, етнологија и техника – CRECET.
Локален партнер и координатор на активностите на регионално ниво во Македонија е Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион.
Macedonian
04.04.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“