Студиска посета за мрежата за младинско информирање, локално партнерство и модалитетите на негово спроведување
Во периодот од 03 до 07 април тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА, заедно со извршниот директор на Коалиција СЕГА, советник од Локалната самоуправа Струмица и претставник од одделот ЛЕР на општина Штип присуствуваа на студиската посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Долна Нормандија, Франција. Целта на оваа студиска посета беше да се проучи системот како функционираат Младинските Информативни центри во оваа област на Франција, претставниците од општините Штип и Струмица подобро да се запознаат со моделот на Младинските Информативни центри, размена на искуства и можности за понатамошна соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија.
Македонската делегација имаше можност да посети Младински информативни центри, Информативни точки, општини и државни канцеларии, младински куќи и младински културни центри во Каен, Флер, Сен Ло и Вистреам.
Со студиската посета се собра доста позитивно искуство за младинските информативни центри, Младинското информирање, локалното партнерство и модалитетите на неговото спроведување. Доста идеи и новини од презентациите ќе се обидеме да ги внесеме во нашата секојдневна работа на ИНФО СЕГА, а исто така ќе се покренат иницијативи за отворање нови младински информативни центри во општините Штип и Струмица.
Macedonian
03.04.2011