Универзитетот на Долна Нормандија се претстави на Саемот на студии во Скопје
На 8ми ноември во Скопје се одржа салонот за студии во Франција. Овој настан, организиран од Францускиот културен институт во Скопје и Амбасадата на Франција, на младите луѓе, нивните родители, како и на македонските професори им овозможи да се сретнат со претставници на различни француски универзитети. Целта е да се добијат информации за студиските програми кои им се достапни на македонските студенти, како и информации за постапката која треба да се исполни.
Универзитетот од Каен – Долна Нормандија беше претставен од страна на Ноеми Ларуј, раководител на Carré International при Универзитетот од Каен. Со оглед на тоа што е универзитетски град, Каен нуди одлични можности за странските студенти.
Во новата фаза од соработката помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија се предвидува зголемување на можностите за универзитетска соработка. Веќе се остварени првите контакти помеѓу Правниот факултет во Каен и Правниот факултет во Скопје, кои веќе работеа на заеднички проекти. Соработката се однесува на создавање можности за размена на студенти.
Овој салон за студии е дел од студентските патувачките денови кога се посетуваат повеќе земји во регионот: Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија. Тој се спроведува од страна на Амбасадата на Франција во Софија и Campus France од Софија, заедно со Амбасадата на Франција и службата Campus France во секоја од горе-наведените земји.
На левата страна на фотографијата се наоѓа г-ѓа Ноеми Ларуј, раководител на Carré International при Универзитетот во Каен, а на десната страна е г-ѓа Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Скопје.

фотографија : Француската амбасада во Скопје
На левата страна на фотографијата се наоѓа г-ѓа Ноеми Ларуј, раководител на Carré International при Универзитетот во Каен, а на десната страна е г-ѓа Лоренс Оер, амбасадор на Република Франција во Скопје.
Macedonian
08.11.2013